Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи официјално е под истрага од Јавното обвинителство на Италија за случајот „Суарез“ поради сомнителниот испит во Перуџа ова лето кога полагаше италијански јазик за добивање на пасош од оваа земја.

Јувентус потврди дека Паратичи е еден од обвинетите во процесот, Суарез полагаше испит со однапред договорени прашања, тврди обвинителството. Уругваецот бепе поврзуван со трансфер во Јувентус но по овој скандал до тоа не дојде.

Паратичи е обвинет за вмешанос во „криминални активности“, претходно судот во Италија го суспендираше ректорот на Универзитетот во Перуџа, сега спортскиот директор ќе мора да се брани на суд. Јувентус тврди дека Паратичи нема никаква врска со овој скандал.