Иако веќе беа одбиени, Арсенал не се откажува од намерата да го донесе срспкиот напаѓач Душан Влаховиќ и според информациите веќе подготвиле нова понуда за големата ѕвезда на Фиорентина.

Газета Дело Спорт пишува дека тимот од Лондон се подготвени да понудат 85 милиони евра за Србинот.

За него интерес покажуваат многу европски гиганти, но Арсенал сака да ја победи конкуренцијата.

Фиорентина е спремна да ја прифати понудата, но прашање е дали Влаховиќ ќе се согласи на трансфер на „Емирати“, бидејќи преферира да остане во Серија А.