Трикратниот норвешки шампион Бран се најде во средиште на скандал, поради сексистичка порака закачека на маица, која стоеше на ѕид во просторија од која фудбалерот Вегард Форен даваше интервју за една норвешка телевизија.

„Женски фудбал, што е тоа? Ниту е фудбал, ниту е женствен“– е пораката која се виде за време на неговото интервју.

Снимката од тој разговор за брзо стана вирална, а со нејзиното сподеулување стигнаа и осудите. Брзо се јави норвешката репрезентативка Ингрид Рајланд и го прокоментира овој момент.

 

„Тоа сигурно било шала, но не е смешна. Нема објаснување. Не можеш тоа да го ставиш на ѕид во еден од најголемите клубови во Норвешка.“

Следуваше и извинување од клубот и маицата од ѕидот.