Во Парагвај надлежниот судија не ја прифати препораката на обвинителството да се остави на слобода легендарниот бразилски фудбалер Роналдињо и да се протера надвор од Парагвај, со плаќање на казна. Тој објави дека ќе има судска постапка, а за тоа време Роналдињо и неговиот брат ќе останат во притвор.

Срамна сцена се случи денеска, кога Роналдињо со лисици на раце мина низ тунелот преполн со новинари.