Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, потврди дека се одложува изградбата на предвидениот Национален стадион за следната година, едноствано нема пари во буџетот.

Србија не се откажува од предвидениот план, но кризата со коронавирусот ги смени плановите, стадионот кој требаше да има капацитет од 50.000 седишта и предвидено беше да чини 250 милиони евра, ќе се гради од следната година.

Националниот стадион останува во плановите на Србија, ќе биде изграден на Сурчин, но ќе почека подобри времиња, парите се трошат за други работи, потврди Брнабиќ.