Се ближи првата годишнина од смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона, а по завршувањето на истрагата денеска се појавија шокантни информации.

Истрагата покажа дека навивачите на тимот кој тој го тренираше се обиделе да му го украдат срцето пред погребот. Оваа информација ја потврди д-р Нелсон Кастро кој неодамна објави книга наречена Здравјето на Диего.

„Вистинска приказна, Диего беше зависен од се што е лошо за него, но имаше многу издржливо тело. Поради тоа живеел подолго од луѓето со медицинска карта слична на неговата, а посебна приказна е срцето на Диего. Тежел околу половина килограм, а во просек околу 300 грама. Имаше големо срце, срце на спортист, но и срцева мана“, рече Кастро, а потоа се наврати на приказната дали Марадона е погребан без срце:

„Група навивачи на Гимназија направиле план да му го украдат срцето. Не успеаја затоа што беше премногу смел обид, се дозна пред да биде ставен во акција. Неговото срце беше извадено на проучување бидејќи беше важно да се утврди точната причина за смртта“, заклучил Кастро.

Потсетуваме, Марадона почина на 25 ноември како последица на срцев удар.