Претседателот на Барселона Жосеп Бартомеу и бордот на дирекори уште денеска би можеле да поднесат колективна оставка, јавуваат шанските медиуми.

За попладнево на „Камп Ноу“ како што наведуваат медиумите, е закажан долго очекуваниот состанок на бордот на директори од кои може да произлезат две сценарија.

Првото сценарио е да биде свикано гласање за недоверба на Бартомеу, што би се одржало на 1 или 2 ноември, додека второто сценарио е уште денеска бордот на директори да поднесе колективна оставка.