Екипата на Шахтјот вечерва го пречекува тимот на Реал Мадрид во рамките на групната фаза во Лигата на шампионите.

Некогашниот капитен на Шахтјот , а сега спортски директор во клубот Дарио Срна смета дека неговиот тим е значително подобар од минатата сезона особено, откако на клупата дојде Италианскиот стратег Де Зерби.

„Со Де Зерби се сретнав во Италија изминатово лето и тој беше наша прва, втора и трета опција. Тимот на Де Зерби негува неверојатен фудбал, неговиот стил е сличен на тики-така, а тука има бразилски фудбалери за да го извршува тоа.

„Гвардиола досега тренираше тимови како Барселона, Баерн и Сити, Де Зерби го нема достигнато тоа ниво, но идеите кои ги има се идентични како оние на Пеп. Де Зерби е млад, гладен и многу амбициозен. Имаше многу понуди, но не избра нас. Тој е на нивото на Гвардиола кога се во прашање стилот и идеите, сигурен сум дека ќе заврши многу високо после етапата која ќе ја има со нас“, – вели Срна во интервјуто за „АС“.