Фудбалерот Душко Тошиќ и  кондицискиот тренер Андреја Милутиновиќ, биле нападнати со ножеви во Белград, напаѓачите имале и електрошокери.

Медиумите во Србија објавија дека  двајцата за време на тренингот на Калемегдан во Белград, ги пресретнала група хулигани кои имале за цел да ги ограбат.

Хулиганите со ножеви се заканиле за да ги ограбат, за среќа Тошиќ и Милутиновиќ останале неповредени.