Војната ескалациоа меѓу Хамас и Израел порасна откако исламистичкото движење Хамас ја нападна израелската метропола Тел Авив со дожд од ракети. Хамас испали 130 ракети кон Тел Авив. Во тој напад убиени беа тројца Израелци, а Израел веднаш возврати гранатирање на Газа, прилика во која страдаа повеќе од 50 Палестинци.

Во Тел Авив настапува српскиот фудбалер Урош Николиќ кој за Спорт клуб откри како ракети паѓаат недалеку од неговата зграда.

„Синоќа на километар од мојата зграда паднаа три ракети. Пред полноќ, во три и пет наутро, се е повторено. Вознемирувачко! Во околината на војната паза, противракетната одбрана, па кога ќе врати одговор од Израел, се се тресе. Како да ќе се извадат вратите и прозорите. Нема спиење. Притоа мојот стан е на последен, 37 спрат. Недалеку е поголемиот број од странците во Макаби, од Шпанија, Португалија, Панама, Бразил…“– раскажува играчот на Макаби Тел Авив, па додаде:

Во овие моменти се грижам како да ја поштедам вереницата која пристигна од Јагодина пред еден месец. Вчера отидов по авионски билети за лет предвиден за петок, од Израел до Србија. Новонастанатите околности подоцна ги затворија аеродромите. Прашање е кога тоа ќе се нормализира.“