Италјанските медими пишуваат дека Предраг Рајковиќ може да пристигне во Милан во случај Џанлуиџи Донарума да ја напушти екипата.

Италјанецот има договордо јуни 2021.година, а се уште не се знае каде ќе ја продоли кариерата и дали воопшто ќе го продолжи договорот со „росоњерите“.

Рајковиќ во моментот е дел од француски Ремс, а претходно ги бранеше боите на Црвена Звезда и Макаби Тел Авив. Сезонава брани во животна форма и успеа на 12 натпревари да ја сочува мрежата за Ремс во Лига 1 во Франција.