Крилото на Ајнтрахт Франкфурт Филип Костиќ ова лето ќе ги засили редовите на Интер во трансферот вреден 23 милиони евра, објавија Германските медиуми, а сега се чека само официјална потврда.

Костиќ беше постојан во текот на целата сезона и забележа 17 асистенции со четири постигнати голови.

„Скај Спортс Германија“ пишува дека Костиќ е желба на новиот тренер Симоне Инзаги, а познато е дека претходникот на Инзаги Антонио Конте исто така бил заинтересиран за услугите на српскиот репрезентативец.