Стадионот на Наполи „Сан Паоло“ ќе биде преименуван во чест на Диего Марадона, тоа ќе се случи во петок на седница на градското собрание, тврди „tuttonapoli.net“.

Градоначалникот на Неапол, Луиџи де Магистрис побарал на седницата в петок градскиот совет да ја одобри одлуката, тоа значи дека на следната средба Наполи ќе игра на стадионот „Диего Марадона“.

Прв натпревар дома по седницата во петок за Наполи е дуелот со Реал Сосиедад во Европа лигата на 10 декември.