Еден ден откако Ерлинг Халанд сам го победи моќниот ПСЖ, каталонскиот весник Sport објави зошто од младиот фудбалски гениј не заврши во Барселона или во Манчестер Јунајтед.

Излезната клаузула на Халанд во договорот со Салцбург изнесуваше 20 милиони евра, скромни за клуб каков што е Барселона. Но, дополнителни 8 милиони евра за себе бараше таткото на Халанд, кој е поранешен фудбалер, а уште 15 милиони евра бараше како провизија агентот на Халанд, контраверзниот Мино Рајола. Капак на се беше барањето Халанд да добива плата од цели 8 милиони евра годишна плата.

Тоа е причината поради која Барселона пресмета дека Халанд не е соодветно решение за нејзе, а пак Манчестер Јунајтед и онака има затегнати односи со Рајола.

Борусија успеа да се договори. Ги плати 20-те милиони на Салцбург, му исплати 10 милиони на родителот на Халанд, уште 15 милиони доби Рајола, а во договорот со Ерлинг Халанд е забележано дека во првите 2,5 години тој ќе добива плата од 6 милиони, додека во последните две по 8 милиони евра.