Интер продолжува со обидите да ги осигура услугите на младиот Таита Чонг од Манчестер Јунајтед.

Според сознанијата на новинарот на La Gazzetta dello Sport, Николо Скира, „Неразурите“ на 20-годишниот Холанѓанец ќе му понудат петгодишен договор, со плата од 1,5 милион евра годишно, плус бонуси. Освен тоа, платата во последната година од договорот ќе му порасне на 2,5 милиони евра.

Договорот на Чонг со Манчестер Јунајтед завршува во 2020 година и Интер се надева да го добие бесплатно, како слободен агент.