Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години го објави списокот на играчи за претстојниот  квалификациски турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за пласман на Европско првенство.

Станиќ верува во оваа генерација на играчи, протвниицте се силни и квалитетни, гостува и Англија.

Со нетрпение го очекуваме почетокот на квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза квалификации за ЕП. Расположението кај нас е позитивно, иако имавме проблеми околу составот со повредени фудбалери. Верувам во овој тим и очекувам да го дадат максимумот на сите три натпревари. Групата во која се наоѓаме е исклучително тешка, а потврда за тоа е фактот што Англија и БиХ со оваа генерација беа учесници на Европското првенство до 17 години. Но, без оглед на противниците, наша цел ќе биде да се прикажеме во најдобро издание и да ја чекаме нашата шанса за остварување на позитивен резултат, изјави селекторот Горан Станиќ.