Тренерот на Црвена Звезда, Дејан Станковиќ им честиташе на неговита фудбалери по освојувањето на титулата во Супер лигата во Србија.

„Овие момци ги заслужуваат сите пофалби. Дадоа толку многу за Црвена Звезда, тие се едно злато. Дали ќе бидат уште подобри или не тоа е за дискусија. Им честитам, остануваме заедно, одиме на нови победи во новите битки.“ – изјави Станковиќ.

По ова предводникот на црвено-белите посочи дека најважно е што управата стои зад овој проект со сите можности и штета е што навивачите не се во можност да го прослават овој успех.