Македонската репрезентација до 17 години на 5. октомври заминува за Полска на квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза за Европско првенство.

Македонската репрезентација отвора против домаќинот на турнирот, Полска на 9. октомври во Торун, на 12. октомври играме со Белгија, дедека три дена подоцна квалификацискиот турнир го затвораме против Лихтенштајн.

Групата во која се наоѓаме е исклучително силна. Белгија и Полска се фаворити, белгијците доаѓаат од првиот барабан, имаат многу силна генерација, додека Полска како домаќин на турнирот, исто така ќе ја бара својата шанса за највисок пласман. На хартија двете селекции се фаворити, но тоа не значи дека ќе се предадеме однапред. Напротив, напорно работевме во изминатите седум месеци, сметам дека имаме свои адути и ќе се обидеме на секој начин доколку ни се укаже шанса да ја искористиме. Позитивни сме, иако двајца фудбалери поради повреда нема да бидат со нас, сепак мислам дека направивме добра анализа и мораме да бидеме оптимисти во пресрет на турнирот“ – изјави селекторот Горан Станковски.