Договорот на Блез Матуиди со Јувентус истекува ова лето, но како што изјави Французинот, „Старата дама“ реши да ја активира опцијата да го продолжи договорот со него за уште една година.

„Во мојот договор имаше опција за продолжување на соработката за уште една година. Јувентус го искористи тоа. Никогаш не сум се сомневал дека ќе останам. Чувствувам голема доверба од сите“- изјави Матуиди.

Матуиди во Јуве дојде од ПСЖ во 2017 година, а за италјанскиот гигант одигра 118 натпревари со сите конкуренции.