Јувентус води преговори со Раиола околу евентуалниот трансфер на Херлинг Халанд, тврди „Кориере Дело Спорт“.

Управата на Салзбург ја утврдила цената за продажбата на 19 годишниот напаѓач, ништо под 90 милиони евра не влегува во комбинацијата за трансфер но од клубот од Торино имаат поинакви планови.

Мино Раиола, агентот на Халанд е во одлични односи со челниците на Јувентус и ќе се обиде да најде друго решение, односно барата сума да биде платена во неколку рати со адолжителни клаузули во однос на постигнувањето на Халанд.

За младиот напаѓач интерес има од повеќе клубови од Европа а издвоени како фаворити се Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.