Турскиот фудбалски клуб Трабзонспор ќе го ангажира англискиот напаѓач Даниел Стариџ.

Според турските медиуми Трабзон ги договорил личните услови со повремениот англиски репрезентативец и член на Ливерпул, па се очекува уште двата клуба да се договорат околу висината на обештетувањето.

Стариџ се согласил на тригодишен договор и годишна плата од 4 милиони евра плус бонуси. 29-годишниот фудбалер до вторник би требало да ја заврши комплетната документација и да го заврши трансферот во шесткратниот турски шампион.

Трабзон веќе го засилија Јусуф Сари, Џон Оби Микел, Фиратџан Узум, Немања Анѓушиќ, Ахмет Џанбаз, Доган Ердоган, Донис Авдијај, Гастон Кампи и Ерџе Кардешлер.