Реал Мадрид во белгискиот репрезентивен голман, Тибо Куртоа го гледаше наследникот на Икер Касиљас и направи се да го виде во своите редови, но поранешниот голман на Челси ни од далеку не ги оправда очекувањата.

Шпанските медими излегоа со шокантни бројки врзани за белгискиот голман во дресот на Реал Мадрид, по поразот  од Мајорка.

Куртоа имал само 11 спасени топки во досегашниот дел од сезоната, но бројот на примени голови е 12 во девет првенствени натпревари во кои само двапати ја сочувал мрежата недопрена, против Осасуна  и Атлетико Мадрид. Покрај ова Куртоа на последните 60 мечеви за „Кралевите“ примил 84 погодоци што е поразително за далеку полош голман Белгиецот.

За напомена Куртоа во минатото беше дел и од градскиот ривал Атлетико Мадрид каде се прослави во Европа.