Вчера Реал забележа неочекуван пораз на средбата со Леванте, во 25. коло на Ла Лига, 0:1.

Статистиката покажува дека Реал постигнува многу помалку голови по заминувањето на Кристијано Роналдо.

Така, на 93 средби на Реал по заминувањето на Роналдо, „Кралевите“ останаа без постигнат гол на дури 21 од нив, или тоа е 23 % од сите средби.

За време на својата кариера во Реал, Роналдо одигра дури 438 средби, а во нив Реал остана без постигнат гол на само 36, или на само 8 % од средбите.

Оваа сезона Реал постигна 46 гола на 25 средби од Ла Лига.