Полска е голем фаворит против Македонија вечерва во Варшава, лидери се во групата, пред официјализирање се на настапот на следното Европско првенство.

Македонија  стои на патот на Полска во квалификациите, нашиот национален тим во овој квалификациски циклус нема пораз на гости, единствена селекција во конкуренцијата Г со ваков ефект.

Со две нерешени и една победа, Македонија е уникатна во групата кога се гостинските натпревари во прашање. Победивме против Летонија, одигравме нерешено со Словенија и Израел.

Полска во Варшава не знае за пораз цели шест години, Украина е последна која ги победила и тоа во мундијалскиот квалификациски циклус за СП 2014.

Украина победи со 3-1 на 22 март 2013 година, колку е добра Полска дома, говори и фактот дека  европскиот првак Португалија со Кристијано Роналдо не успеа да победи во Варшава.

Средбата, Полска – Македонија започнува од 20-45 на Националниот стадион кој е целосно распродаден, капацитеот е 56.000 седишта.