Тотенхем по победата против Барнли во моментов е на 5. место во Премиер лигата, тимот на Мурињо во три сегменти е најдобар во Англија.

Мурињо треба да е задоволен, Тотенхем е само два бода во минус во однос на лидерот Евертон, но неговата екипа  го има најдобриот напад во лигата, првиот стрелец и првиот асистент.

Тотенхем со 16 постигнати гола е најфикасната екипа во Англија, Сон со 8 голови е прв голгетер во лигата додека капитенот  Кејн е најдобар асистент сезонава, има осум на што придодаде и 5 гола.