Македонска судиска четворка, предводена од Александар Ставрев, ќе ја дели правда на мечот од Лигата на Европа  в четврток помеѓу АЗ Алкмар и Реал Соесиедад.

Мечот од четвртото коло во Групата „Ф“ во која уште се и Наполи и Риека е втор од Лигата на Европа на кој сезона ќе суди Ставрев.

На мечот во Холандија ќе му помагаат  Дејан Костадинов и Гоце Петрески, а четврти судија ќе биде Константин Влахо.

Минатиот месец Александар Ставрев ја делеше првадата на средбата меѓу Лил и Селтик од второто коло од групата Х во Лига Европа.