Швајцарскиот фудбалски рерпезентативец Стефан Лихштајнер најверојатно својата кариера ќе ја продолжи во германската Бундеслига.

Според информациите на германскиот „Кикер“, Лихштајнер е блиску до потпис со Аугзбург.

Фудбалерот е слободен играч откако на крајот од сезоната го напушти Арсенал, па неговото ангажирање нема да претставува проблем за германскиот тим.

Лихштајнер настапуваше за Јувентус со кој беше шампион во Италија дури седум пати. Пред тоа играше за Лацио, Лил и Грасхоперс.