Македонскиот репрезентативец и заменик капитен, Стефан Ристовски ќе остане во Спортинг Лисабон до 2022 година, пренесува „Калчомеркато“.

Во понеделникот биле започнати преговорите откако агентите на Ристовски, Леонардо Корси и Џовани Бранчини му ја преставиле понудата на десниот бек која ја имаат од Спортинг.

Поранешниот играч на Парма бил задоволен од минутажата и од довербата која ја добива во Лисабон и наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Ристовски во Спортинг пристигна од Ријека а минатата сезона одигра 33 натпревари од кои 23 беа во најсилното првенство на Португалија.