Германија ја победи Македонија со 4-0 во Скопје, се реваншира во целост за поразот од Дуизбург и со трите бода си замина од арената „Тодор Проески“.

Капитенот Стефан Ристовски, вели дека ова било спуштање на земја, Македонија не може без некои играчи од актуелниот состав, се виде тоа по излегувањето на Аријан Адеми поради повреда.

„Не би рекол дека Германија нѐ спушти на земја, едноставно  Македонија нема играчи како Хрватска, се виде кога излезе Адеми, а ни недостасуваше и Барди. Кога го слушнав крикот на Аријан си помислив дека е ова многу лошо, сите знаеме колку ни недостига, и во репрезентацијата и во  Динамо, без него не е лесно“ – изјави  Ристовски за хрватиските медиуми.