Македонскиот репрезентативец, Стефан Ристовски е во почетниот тим на Динамо Загреб за денешното гостување кај Рапид Виена во 3 коло од Лига Европа на УЕФА.

Динамо вечерва атакува на втората победа во групата Х каде играат и Вест Хем и Генк.

Аријан Адеми поради повреда не е во составот на шампионот на Хрватска.