Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски е под знак прашалник настап за гостувањата на нашата репрезентација во Израел и Летонија во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2020 година закажани за на почетокот на септември.

Според информациите од португалскиот фудбалски клуб станува збор за повреда на десната нога, а дополнителните лекарски прегледи ќе покажат колку време ќе биде надвор од фудбалските терени.

Португалскиот тим синоќа одигра пријателски меч против Ливерпул во Њујорк, а мечот заврши без победник 2-2.