Поранешниот дефанзивец на Фиорентина, сега члена на Атлетико мадрид, Срефан Савиќ по победата над Ливерпул во ЛШ се приклучи кон фудбалската јавност која му дава поддршка на Лацио во трката за титулата во Италија.

„Сеуште редовдно гледам Серија А. Оваа година е навистина интересна, со Јувентус, Интер и со тим како што е Лацио на кој му оди доста добро. Би сакал Лацио да ја освои титулата.“ – изјави Савиќ.

Дефанзивецот истакна дека за Атлетико Мадрид е важно да размислува позитивно пред реваншот на „Енфилд“ и дека во фудбалот се е можно, па зашто да не и уште една победа над првакот на Европа и покрај тоа што вели, тоа ќе биде навистина тешко за реализирање.