„Алекс Фергусон и Оле Гунар Солскјер мораат да бидат првите жртви на револуцијата во Манчестер Јунајтед“- пишува во новата колумна некогашниот фудбалер, а сега стручен консултант Стен Колимор.

Тој нагласува дека Солскјер не е правиот човек за работата која ја работи, но додава и дека е крајно време да се ограничи јасното влијание, кое на се што се случува го клубот го има Сер Алекс Фергусон.

„Време е да ја пресечат врскта со историјата, да се створи нова, поенергична и светла иднина без духовите од минатото кои висат над нив. Минаа седум години, потрошени се повеќе од милијарда фунти на тим. Солскјер потроши најголем дел од тие пари, Фергусон и понатаму од позадина влијае на се и затоа и тој еден од оние кои треба да се обвинуваат за тоа што се случува.“

Колимор понатаму пишува дека практично местото на Солскјер е загарантирано поради заслугите кои гиимал како некогашен играч и напоменува дека не би ни можел да пријде блиску до работата која сега ја работи да не е старата фудбалска слава.

„Факт е Оле не го унапреди тимот и не смее тоа да се прикрие, а ниту она што се случи во мечот со Аталанта. Жал ми е, но не може. Гледам тим и гледам 22-ца скапи индивидуалци, кои се толку нафрлани на едно место. Не би ме зачудло на бела табла без никаков план, да се закачат само имиња. Едноставно не изгледаат како тим, генерлно секогаш покажуваат некаква омалаксаност.“

А објасни и зошто според него Фергусон пречи.

„Што и да се случува во клубот претпоставуваш дека сите се прашуваат- што би напраивл Фергусон? Тој е како заштитно кебенце, во кое е се замотано, но тоа мора да се отфрли, инаку клубот никогаш нема да тргне напред. Во овој момент, Манчестер Јунајтед е како бебе кое се уште го дојат, потребно им е константно лулање со приказните за старата слава“– заклучува Колимор.