Рахим Стерлинг планира да останува во Манчестер Сити и покрај тоа што во следните две сезони што нема да можед а игра во ЛШ или во Лига Европа.

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити на управата на клубот им посочил дека нема проблем со казната но под услов, Гвардиола да остане на кормилото. Гвардиола неофицијално на последниот состанок со играчи јавно посочил дека планира да си го одработи договорот и не планира заминување во јуни.

„Рахим е фокусиран само на настапите во дресот на Сити, нема да дозволи шпекулациите за негов трансфер надвод од Манчестер да го демотивираат или пак да му гои одвлечат вниманието.“ – изјави агентот на Стерлинг, Аиди Вард.

Ова доаѓа по најавите дека дел од првотимците на Сити веќе бараат нови клубови а Гвардиола размислува за преселбба во Торино, на местото на Сари во Јувентус.

Во Шпанија но и во медиумите од Англија тврдат дека Де Бруин сепак сака да си оди а ова ќе се обиде да го искористи Реал Мадрид. На листата играчи кои сеуште не се сигурно околу нивното останување на „Етихад“ се уште и: Лапорт, Бернардо Силва, Марез и Габриел Жезус.