Трае потрагата на Њукасл Јунајтед за нов менаџер по заминувањето на Рафа Бенитез во Кина. Премиерлигашот се поврзува со повеќе имиња но според медиумите од Англија, Стив Брус е фаворит број еден.

Откако јасно стана дека Мурињо и Венгер не гледаат предизвик во менаџерската функција во Њукасл, раководството на клубот ги започнало преговорите со легендатата на Манчестер Јунајтед.

Во спортските обложувалници во Велика Британија коефициентот за евентуалниот ангажман на Стив Брус е 2,25.Тој во моментов е под договор со Шефилд Венздеј.