Македонија не успеа да дојде барем до бод на гостувањето кај Австрија во 9 коло од Евроквалификациите.

Избраниците на Игор Ангеловски загубија со 2:1 а единствениот гол за нашата репрезентација го постигна еден од дебитантите во Виена, напаѓачот на Ним, Влатко Стојановски.

„Нормално дека секој се надева да дебитира во македонскиот дрес. Мислам дека тоа е едно огромно чуство за еден професионален фудбалер. Работата на секој напаѓач е да ја користи секоја шанса за гол но дали тоа секогаш ќе се оствари не зависи секогаш од него. Многу сум среќен за постигнатиот гол, можев да постигнам уште еден најмалку. “ – изјави Влатко Стојановски.