Фудбалерот Џон Стонс е во преговори со Манчестер Сити за нов договор на пет години вреден неверојатни со 39 милиони фунти, пренесува англиски „Сан“.

Договорот на Стонс истекува во 2022 година, а Сити му нуди нов, кој најверојатно ќе биде прифатен од Англискиот репрезентативец , кој оваа година игра стандардно во Сити.

Стонс потпиша за Сити во 2016 година за тогаш рекордни 45 милиони фунти и премина од Евертон кај „граѓаните“.

Ова е нов чекор на Сити да го задржи костурот на екипата, а пред неколку недели и Кевин де Брујн го продолжи договорот до 2025 година.