Фудбалската конфедерација на Јужна Америка, поради пандемијата на Коронавирусот, го стопираше натпреварувањето во Купот Либертадорес.

Ова натпреварување стартуваше на 21 јануари, а е прекинат во групната фаза.

„Во врска со ризикот од ширењето на Коронавирусот, а со цел да се заштити здравјето и да се осигура безбедноста на фудбалерите, делегатите, судиите, официјалните лица, новинарите и на навивачите, решивме да го стопираме натпреварувањето до 21 март“, се вели во соопштението.

Во меѓувреме е стопирана и Лигата на шампионите на Северна Америка.