Тони Крос на почетокот на 2021-ва година влезе во историјата на Кралскиот клуб. Стана Германец со најмногу настапи во историјата на Реал Мадрид, рекорд кој само го подобрува од натпревар во натпревар, а со тоа ја зголемува својата легенда како член на „кралскиот клуб“.

Како играч кој освои се што можеше да се освои, импресивно е да се види како Тони Крос се уште е гладен за титули, па со оглед на тоа што е доста популарен на социјалните мрежи во изминатите 12 месеци, сега направи и еден специјален избор за официјалната телевизија на клубот.

Крос ги избра петте најголеми легенди кои играле во Реал Мадрид, а кои во моментов се пензионирани, односно избра еден голман, еден дефанзивец, двајца играчи за врска и еден напаѓач.

Тони меѓу стативите го стави Икер Касилјас кој е единствениот со кој играше заедно од петмината кои ги наброја, одбрабената задача му ја додели на Роберто Карлос, додека трет негов избор беше сонародникот Ули Стилике. Крос го надмина токму неговиот рекорд по бројот на одиграни натпревари како Германец и го остави зад себе на вечната листа, а место во средината најде и за Зинедин Зидан.

Во нападот, местото е загарантирано за Раул Гонзалес, човек за кој Крос вели дека е вистински пример на теренот, но и надвор од него.