Демантирани се вестите дека Андреа Риналди е мртов, но здравствената состојба на 19 годишниот фудбалер на Аталанта е лоша.

Италијанските медиумите потврдија дека Риналди има сериозни оштетувања на мозокот по несреќата во петокот и е во животнозагрожувачка состојба.

Плејмејкерот следниот месец треба да наполни 20 години а во новата сезона постои можност да добие шанса и во првиот тим на Аталанта.

Риналди оваа сезона ја помина на позајмица во нисколигашот Легано.