Пеналите решаваа на две средби од осминафиналето во Купот на Македонија, Струга го победи Работнички со 4-3, Ренова беше подобра од Пелистер со 6-5 на пенали по 90 минути игра резултатот беше 2-2.

Струга ТЛ го доби пенал трилерот со Работнички и запишапласман во четвртфиналето на Купот, по 90 минути игра резултатот гласеше 0-0, подобри пеналџии беа домашните играчи.

Возбудливо беше на мечот Ренова -Пелистер, по 90 минути нерешено 2-2, пенал серијата им припадна на домашните играчи со 6-5. Пелистер прокоцка предност од 2-0 во регуларниот дел од средбата.

Резултати 1/8 финале :

Академија Пандев – Вардар 1-0, Брегалница – Беласица 0-1, Кожуф Гевгелија – Силекс 1-3, Македонија Ѓорче Петров – Каменица Саса 6-0, Шкендија – Гостивар 1-0, Шкупи – Кит Го Пехчево 5-0.