Победата против Работнички во Струга беше последен меч за столбот на дефанзивата на Струга Трим Лум, Јасмин Мециновиќ во дресот на прволигашот.

Тој својата кариера ќе ја продолжи во далечниот Бангладеш, каде според информациите добил многу богата понуда поради која не можел да ја одбие оваа понуда.

И покрај тоа што денеска се збогувапе со стружани, тој повторно го даде својот максимум и беше еден од најдборите играчи на теренот.

Тоа играчите и управата на клубот знаат да го почитуваат, па заедно со заедничко селфи после победата над Работнички, му се заблагодарија на Мециновиќ и му посакаа успех во кариерата.