Струга Трим Лум ги живее најубавите денови во својата кратка фудбалска историја. По само шест години од основањето на клубот тие се пласираа во европско натпреварување, односно во новото натпреварување Конференцискиот куп, откако завршија трети на табелата во ПМФЛ.

Велат дека се среќни поради нивниот успех и што со уште два албански клубови ќе ја претставуваат Македонија во европските натпреварувања.

„16 мај 2021 година долго ќе се памети во нашата клупска историја. Струга Трим Лум во решавачкиот натпревар го совлада Силекс во Кратово со минимален резултат 1:0, осигурувајќи за прв пат во 6-годишната историја учество во европско натпреварување.

Навистина огромен успех на тимот од прекрасниот град Струга, кој вечерва ќе го слави овој историски успех.

Херојот за 15-тата сезонска победа е Абдилхади Јахја, кој постигна гол во 67-тата минута. Оваа победа на нашиот тим уште повеќе има тежина, доаѓа откако Струга Трим Лум од 28 минута играше со фудбалер помалку на теренот, по црвениот картон (два жолти картони) на напаѓачот Марјан Алтипармаковски.

Благодарение на денешната победа, Струга Трим Лум го обезбеди третото место на табелата. По 33 кола, нашиот храбар тим собра 57 бода, оставајќи го зад себе главниот конкурент за третата позиција, Македонија Ѓорче Петров.

Струга Трим Лум им се приклучува на уште две албански екипи, ФК Шкендија и ФК Шкупи, тимови кои ќе не претставуваат во квалификациите од Лигата на Европа и Конференциската лига“- пишува Струга Трим Лум на Фејсбук.