Новиот фудбалски прволигаш, екипата на Струга Трим Љум, доведе ново засилување за наредната сезона. Се работи за 25-годишниот голман Урош Ѓуриќ, кој во Струга допатува од екипата на Ренова, чии бои ги бранеше во пролетниот дел од сезоната.

Српскиот интернационалец Ѓуриќ доаѓа како засилување во тимот на Струга Трим Љум, откако претходно новиот прволигаш го напушти Илче Петровски.

Покрај Ѓуриќ, екипата од Струга ја засили и искусниот напаѓач Христијан Кировски, како и Ерман Рамадани, кој исто така претходно настапуваше за екипата на Ренова.