Едуардо Камавинга од Рен ќе го одбие Манчестер Јунајтед, затоа што повеќе би сакал да игра во Шпанија, пишува „Manchester Evening News“.

Јунајтед бара дефанзивен играч од средниот ред, а младата ѕвезда на Рен е еден од најдобрите и најбараните тинејџери во Европа. Медиумите претходно го поврзуваа со Реал Мадрид.

Сепак, јасно е дека евентуален трансфер во Мадрид за Камавинга нема да оди лесно. Тоа во февруари годинава го кажа и агентот на играчот Џонатан Барнет, кој веќе соработува со Реал, затоа што е агент на Герет Бејл.

„Реал Мадрид е голем клуб, но не е единствен кој се интересира за Едуардо. Се прашува и Рен, затоа што играчот е под договор со тимот. Реал Мадрид минува низ тежок период па можеби ни шпанските тимови, па ни Реал, не можат да си го дозволат во моментов“– изјави Барнет.