Луис Суарез игра одлична сезона во Ла Лига но во дресот на Атлетико Мадрид. Кога минатото лето беше буквално избркан од „Камп Ноу“ посочи дека ништо не зависело од него.

Уругваецот оваа сезона покажа дека са уште може да се носи со предизвикот на елитниот фудбал и испрати порака до Куман кој реши да верува на други играчи и да го продаде во ривалот од Мадрид.

„Ако не вршев добра работа во Барселона во последните три четири сезони ќе разберев. Но секоја година во Барса постигнував најмалку по 20 голови, имав одлична статистика, веднаш зад меси. Денеска можеме да видиме дека не е така лесно да се игра за Барса. Многу играчи потпиша за овој тим, но не се на нивото кое се очекува да бидат.“ Јас играв шест години за нив и секогаш го покажував тоа што се бараше од мене. “ – изјави Суарез.

Уругваецот завчера беше во составот на Атлетико Мадрид во поразот од Челси од 1:0 во осминафиналето во ЛШ.