Ливерпул и Барселона вечерва ќе го одиграат полу-финалниот реванш во Лигата на шампионите. „Црвените“ беа Роберто Фирмино и Мохамед Салах ќе се обидат да ја нападнат Барселона, чии напад ќе го предводи Луис Суарез. Уругваецот, по пет години се враќа на „Енфилд“ и не може да се надева дека ќе биде пријателски пречекан.

Човекот кој од 2011 до 2014 година со многу успех го носеше „црвениот“ дрес, го навлече гневот на навивачите на Ливерпул со однесувањето на првиот меч. Тој го постигна првиот гол на натпреварот во Барселона и го прослави пред трибината на која беа сместени навивачите на Ливерпул.

„Се однесуваше како стаорец на тој натпревар. Тука не мислам на прославата на голот, не сум против тоа. Неговото однесување на теренот беше неприфатливо. Паѓаше по теренот секогаш кога некој ќе го погледнеше, им се внесуваше во лицата на нашите играчи и се обидуваше да изнуди жолт картон. Беше „гнасен“ и непријатен, беше се она за што го обвинуваа луѓето додека играше за Ливерпул“, изјавил легендарниот напаѓач на Ливерпул Џон Олдриџ.

„Тој е тип што и родената баба би ја прегазил само за да постигне гол. Мора да има респект кон оние што беа добри кон него толку години и кои го поддржуваа“, заклучил поранешниот напаѓач на „црвените“.

Реваншот на „Енфилд“ во Ливерпул ќе започне во 21 часот.