Голгетерот на Барселона, Луис Суарез долги години важи за еден од најдобрите шпицеви во светот и заедно со Меси се главната ударна оска на каталонците.

Суарез набргу ќе наполни 33 години и се наоѓа на залезот на кариерата, а за ургвајските медиуми изјави дека можно е во блиска иднина да ја напушти Барсеона.

„Напорно е, секои три дена минувате тестови, нема одмор и нема простување за лоши натпревари. Не е лесно да се игра за таков клуб, особено не е лесно да се игра пет години по ред. Ќе дојде време кога ќе морам да ја напуштам Барселона“, изјави Суарез.

Веќе некое време се шпекулира дека Барса ќе се обиде да го продаде Суарез на крајот на сезоната и веќе бара негова замена.