Луис Суарез е во Италија, тој со приватен авион пристигнал во Перуџа на завршни преговори со Јувентус, трансферот е се уште остварлив, тврдат медиумите од Шпанија.
Марка пишува дека Суарез сака потпис со Јувентус, се финализираат деталите, има административни проблеми, италијанскиот пасош за играчот на Барселона не е издаден и тоа го кочи трансферот.
Како што пишува Марка, Суарез не се откажува од трансфер во редовите на шампионот на Италија, допатувал во Торино да ги среди деталите со Јувентус.
Comments are closed for this post.