Менаџерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде интересна изјава пред натпреварот со Атлетик Билбао посветена на изборот за Златната Топка.

Италијанецот уверува дека Бензема заслужил да ја добие Златната Топка, но тоа што му е доделена на Меси треба да се почитува.

„Јас имам проблем, што не можам да гласам за играчи кој не е од Мадрид. Ако имав право да гласам, првиот глас ќе му го дадов на Бензема па потоа за Винисиус, за Куртоа, Каземиро, Крос и за Камавинга. Ако имав само еден глас ќе го дадев за Бензема.“ – вели Анчелоти.